Вардар има дополнителен проблем пред утрешниот меч во второто коло од СЕХА-лигата и ќе оди на победа без двајца важни адути, Сташ Скубе и Калифа Гебдане.
Скубе се повреди на еден од последните тренинзи пред патот за Запорожје, па и од превентивни причини остана во Скопје. Словенецот би требало да биде подготвен за поважниот меч на Вардар, против Монпелје на стартот од новата сезона во Лигата на шампионите. Тој меч ќе се игра за десеттина дена, на 14-ти септември.
Гебдане има проблеми со визата за Украина, па и тој нема да биде во составот на европскиот првак и нема да брани против Мотор.
Мечот со Мотор, Вардарци ќе го играат утре, со почеток од 16.15 часот.