Вардар славеше со високи 6-0 против прежалениот тим на Победа во претпоследното коло на ПМФЛ. Црвено-црните дефинитивно се вицешампиони за оваа сезона, бидејќи воедно Академија Пандев зазгуби на гостувањето кај првакот Шкендија со убедливи 4-1.
Голеадата на Вардарци ја започна Попзлатанов кој воедно запиша и хет-трик, а мрежата на гостите од Прилеп во првото полувреме ја тресеа и Мицевски и Колевски. Со стартот на второто полувреме, Попзлатанов го комплетираше хет-трикот, а во листата стрелци се запиша и Фелипе.
Шампионската прослава на Шкендија беше крунисана со убедлива победа над Академија Пандев од 4-1. Тетовци по првиот дел водеа со 1-0 по голот на Зејнулаи во 26-тата минута, Тотре погоди за двојна предност пред Иванов да намали на 2-1 во 52-та минута. Уште еден гол на Зејнулаи, како и еден на Жуниор значеше дека Шкендија ќе ја запише 24-тата овосезонска победа.
Работнички на гостувањето кај Беласица славеше со минимални 1-0 благодарение на погодокот на Ацковски во 38-та минута. Романтичарите направија подвиг на табелата до четвртото место со 47 бода, пред Шкупи, Ренова и Македонија Ѓ.П.
Лавовите од Ѓорче Петров со сигурни 2-0 го совладаа Силекс, додека Шкупи и Ренова ремизираа при конечни 2-2.