Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар стигна и до првата гостинска победа во новата сезона, откако на теренот во Кавадарци победи минимално со 1:0 против домаќинот Тиквеш.
Мечот беше решен во 72 минута и тоа кога со прекрасен еврогол од далечина Закариќ го матираше домашниот голман. Интересно беше тоа дека топката удри во пречката, потоа заврши зад гол-линијата, а потоа се врати во полето за игра. Сепак, очигледно беше дека тоа беше регуларен гол и играчите на Вардар се радуваа.
Лидерот Шкендија беше најубедлив откако во Тетово со убедливи 5:1 славеше над Воска. Уште во првото полувреме тетовци покажаа доминација и постигнаа четири гола за убедлива предност и на крајот стигнаа до нови три бода со кои ја задржаа првата позиција на табелата.
Пелистер триумфално си замина од гостувањето кај Беса, победувајќи со 3:2. Гостите од Битола уште во првото полувреме стигнаа до водство од 2:0 и потоа во вторите 45 минути рутински одработија за значајни три бода.
Убедлива победа на гости забележа Шкупи и тоа на теренот на актуелниот првак Струга ТЛ. Чаирчани на крајот се радуваа со 3:0.
Резултати: Беса – Пелистер 2:3, Работнички – Брера 1:1, Шкендија – Воска 5:1, Силекс – Гостивар 1:2, Струга – Шкупи 0:3, Тиквеш – Вардар 0:1.
Табела: Шкендија 14 бодови, Работнички 12, Гостивар 12, Струга ТЛ 10, Силкес 9, Шкупи 8, Пелистер 8, Брера 7, Вардар 7, Беса 4, Тиквеш 4, Воска 4.