17.8 C
Skopje
петок, 18 јули 2025

Вардар даде гол на ист начин како што прими во првото полувреме (Видео)

Специјално од Сан Марино, Трајан Маневски

Вардар израмни на 1:1 на гостувањето во Сан Марино против Ла Фиорита и тоа благодарение на голот на Роџерс Мато од пенал.

По лошата игра во првиот дел и негативата од 1:0, тренерот на Вардар, Гоце Седлоски направи три замени на полувремето. Од игра излегоа капитенот Закариќ, Донгмо и Тодоровски, а влегоа Данев, Мато и Кастанеда.

Во 59 минута Вардар стигна до гол и тоа од пенал, откако глвниот арбитар го виде играњето со рака на еден домашен фудбалер во казнениот простор на Ла Фиорита.

Со овој погодок на Мато, Вардар сега има вкупно водство од 4:1 против ривалот од Сан Марино и тоа на помалку од 30 минути до крајот на дуелот.

- Оглас -

Најнови вести