Вардар дефинитивно не доби лиценца за настап во Европа

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб и актуелен вицепрвак, Вардар, се жалеше за недобиената лиценца за настап во европските купови, но жалбата беше одбиена од Комисијата за жалби за лиценцирање.

„Комисијата за жалби за лиценцирање ја разгледа жалбата и ја донесе следната одлука: Жалбата на ФК Вардар АД – Скопје се одбива како неоснована, одлуката на Комисија за лиценцирање се потврдува. Оваа одлука е конечна“, стои во соопшението од комисијата.

Претходно, Комисијата за Лиценцирање на ФФМ врз основа на доставените барања и документација од клубовите во Прва МФЛ, а за учество во УЕФА натпреварувања за сезона 2019/2020 ги донесе следниве одлуки: Се издава лиценца за учество во УЕФА-натпреварувањата за сезона 2019/20 на фудбалските клубови: Академија Пандев АД – Струмица, Беласица АД – Струмица, Македонија ЃП 1932 АД – Скопје, Работнички АД – Скопје, Ренова АД – Скопје, Силекс АД – Кратово, Шкендија АД – Тетово, Шкупи 1927 АД – Скопје. Не се издава лиценца за учество во УЕФА-натпреварувања во сезона 2019/20 на фудбалските клубови: Вардар АД – Скопје, Победа АД – Прилеп.

 

- Оглас -

Најнови вести