Вардар денеска ќе се израдува на првата победа во 2021 година!

Вардар е домаќин на Беласица во дуел на двете последнопласирани екипи во фудбалската Прва лига на Македонија. Беласица е бетонирана на дното, а Вардар уште има шанси да избега од 11 место кое води директно испаѓање во Втора лига.

Црвено-црните во 2021 година уште не се израдувале на ниту една победа. Во 10 меча кои ги одиграа во првенството, имаат седум порази и само три нерешени. Последен пат Вардар победи на 16 декември 2020 година и тоа токму против Беласица и тоа на гости со 3:0. И во првиот меч сезонава, Вардар славеше над струмичани и тоа со 3:1 во Скопје.

И според коефициентите во Sport Life, Вардар е фаворит за победа.

Во останатите мечеви кои се играат денеска: Македонија Ѓорче Петров – Струга Трим Лум, Пелистер – Ренова и Шкупи – Работнички и сите ги има во понудата на Sport Life.

 

- Оглас -

Најнови вести