Вардар денеска може да се врати во Прва лига, квотите велат ќе биде многу тесно во баражот!

Скопје и Вардар во Кавадарци попладнево во Кавадарци во меѓусебен дуел ќе решаваат кој од тие два тима во следната сезона ќе игра во Првата македонска фудбалска лига.

Најтрофејниот македонски клуб, Вардар, втора сезона по ред играше во втората лига, а сега е на 90 минути од враќање во елитата каде дефинитивно му е местото според реномето и историјата. Но, и тимот од Автокоманда си има свои математики, и нив не им е сеедно дали ќе бидат прволигаши или второлигаши, па битката ќе биде голема.

Вардар ќе има помош од 12-тиот играч, верните навивачи кои најавуваат дека во голем број ќе бидат присутни во Кавадарци и тоа е мотив плус за Црвено-црните.

Според квотите во обложувалницата Sport Life, многу мала предност му се дава на Вардар, квотата за победа на Вардар е нешто помала од таа за победа на Скопје, а за конечен резултат, квотата е најмала за 1-1.

- Оглас -

Најнови вести