Вардар доби ривал од Сан Марино, Силекс ќе игра против црногорскиот Дечиќ, а Работнички патува во Белорусија (Фото)

Македонските претставници во квалификациите на Конференциската лига, Вардар, Силекс и Работнички ги добија своите ривали за првата рунда. Освојувачот на Купот, тимот на Вардар, ќе игра против Ла Фиотира, претставник на Сан Марино.


Вицепрвакот Силекс во првото квалификациско коло ќе се сретне против Дечиќ од Црна Гора.

Работнички, кој како третопласиран тим во првенството се избори за овој европски настап, во првото коло од квалификациите во Конференциската лига ќе игра против Торпедо-Белаз од Белорусија.

Првите мечеви се закажани за 10 јули, а реваншите седум дена подоцна.

- Оглас -

Најнови вести