Со триумфот во „Јане Сандански“ над битолскиот Еурофарм Работник од 36-29 (полувреме 19-14), на две кола до крајот на плејофот во машката Суперлига ракометарите на Вардар и теоретски ја потврдија 13-тата титула во првенството на Македонија.
Вардар е најтрофеен клуб во Македонија вкупно со 28 трофеи во 27 сезони. Вардар 13 пати бил првак на Македонија, 13 пати победник на Куп и двапати победник на Суперкупот.
„Црвено-црните” се единствен клуб со повеќе од 10 титули во Македонија. Вардар е прв тим со рекордни 13 титули, прв тим со пет титули по ред и прв тим кој двапати имал серии од по четири титули по ред.
На средбата со Еурофарм Работник најпрецизен во тимот на првакот беше Тимур Дибиров со 10 гола.