Вардар без никакви проблеми и без преголеми напори, го победи Работнички со 3-0 во дуел од Првата македонска фудбалска лига, по што Црвено-црните пак побегнаа на шест бодови предност во однос на второпласираната Шкендија.
Стрелци беа Закариќ, Омерагиќ и Цветковиќ, а деби во дресот на Вардар имаше аргентинското крило Хоакин Торес.

Вардарци триумфираа убедливо, а не се ни намачија премногу со тимот кој се бори за опстанок.
Во следното коло Вардар игра дома со Башкими, а Работнички гостува во Струмица кај Брера.

