Георгије Јанкулов е нов играч на ФК Вардар, објавија Црвено-црните. Овој 23-годишен десен бек доаѓа од екипата на Брера Струмица.
„Потекнува од фудбалската академија на Црвена ѕвезда, а во досегашниот тек на кариерата бил дел од екипите на Железничар Панчево во Србија и Борец и Силекс во домашниот шампионат. Во ПМФЛ досега има забележано 84 настапи во кои има постигнато 3 гола и 11 асистенции. Јанкулов ги има поминато сите младински селекции во репрезентацијата на Македонија“, објавија вардарци.