14.8 C
Skopje
среда, 27 август 2025

Вардар два меча ќе игра пред празни трибини, заедно со Е. Пелистер ќе платат идентична парична казна

Ракометната Федерација на Македонија ги одреди казните по инцидентите и хаосот што го приредија навивачите за време на големото дерби меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер кое се играше во СЦ „Јане Сандански“.

Натпреварот беше во прекин 20-тина минути откако навивачите на Е. Пелистер веднаш по влегувањето во салата запалија факели и чадни бомби, кои ги фрлија на теренот и на трибините, по што домашните навивачи Комити влетаа на теренот со цел да дојдат до трибината на која беа гостинските фанови.

Откако и двата тима поднесоа писмени изјави, дисциплинската комисија на РФМ донесе одлука двата тима да ги казни со идентична парична казна за однесувањето на своите навивачи. Вардар и Е. Пелистер ќе мора да платат по 150.000 денари.
Исто така Вардар заработи и суспензија на теренот и наредните два натпревари на домашен терен ќе ги игра без публика.

- Оглас -

Најнови вести