Три македонски екипи вечерва го започнуваат својот пат во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА.
Актуелниот освојувач на Купот на Македонија, скопски Вардар, е помеѓу најголемите фаворити во Европа за победа вечерва. Црвено-црните на Националната арена во Скопје го пречекуваат составот на Ла Фиорита од Сан Марино, а квотата за победа во понудата на Sport Life им е 1.18. Единствено Борац од Бања Лука има помала квота за победа, 1.11.
Работнички условно како гостин, со оглед на фактот дека мечот се игра во унгарскиот град Сомбатели, го игра првиот меч против Торпедо Белаз од Белорусија. Екипата од Жодино е фаворит за победа со квота од 1.81, но затоа квотата за победа на Работнички е фантастична, дури 4.35.
Одлична квота за победа на гостински терен има и Силекс, кој гостува кај црногорскиот Дечич во Тузи. Домашните имаат квота за победа од 2.19, но квотата за кратовци е 3.30.