19.8 C
Skopje
петок, 22 август 2025

Вардар е апсолутен фаворит за победа против Брера, победа се очекува и од Струга (Фото)

Третото коло од Првата македонска фудбалска лига започнува со два натпревари, по еден во Скопје и Струга, а двата меча се дел од богатата понуда на Sport Life и на двата се очекуваат победи од домашните екипи.

Вардар е апсолутен фаворит против струмичката Брера, а за тоа говори и фактот дека двете екипи имаат комплетно различен старт на сезоната. Скопските „црвено-црни“ имаат максимални шест бода, додека Брера започна со два порази.

Токму затоа и квотите се во корист на Вардар, па победата на домашните има квота од 1.33, додека изненадување на Брера има квота од 7.75.

„Не смееме да го потцениме тимот на Брера. Тоа не смее да се случи и покрај лошото отворање на сезоната од страна на Брера. Ние одиме од натпревар во натпревар. Добро одигравме во првите две кола, но тоа не смее да нè релаксира. Мора максимално да се фокусираме, да влеземе многу сериозно во мечот и да бараме победа. Имаме добра низа на резултати и ќе се обидеме серијата да трае. Наша цел е титулата и затоа секој меч ни е важен. На тој начин и се подготвуваме“, вели голманот на Вардар, Давор Талески.

Победа се очекува и од фудбалерите на Струга во мечот против Работнички на домашен терен. Стружани имаат максимален старт на првенството и победија против новите прволигаши, Македонија ЃП и Арсими, додека Работнички загуби од Шкендија и Башкими.

И квотите во Sport Life ја фаворизираат Струга, па квотата за победа за нив е 1.80, додека победата на Романтичарите има квота од 4.25.

- Оглас -

Најнови вести