Вардар е апсолутен владател во мак ракометот – „Црвено-црните“ ја освоија 15-та шампионска титула (ФОТО)

Екипата на Вардар 1961 ја освоија 15-та титула во ракометната Суперлига на  на Македонија. „Црвено-црните“ во Јане Сандански имаа лесна задача против Тиквеш против кого во последното коло славеа со 37:25.

Најефикасни во редовите кај старо-новиот првак на Македонија беа Филип Талески и Тимур Дибиров со по 10 погодоци.

По освојувањето на трофејот во Купот на Македонија, јасно беше дека Вардарци ќе дојдат и до круната во првенството, откако остварија победа на гостувањето кај вечниот ривал, Пелистер и тоа среде Битола.

Браќата Оливие и Кевин Њокас, Патрик Валчак, Стефан Додиќ, Џереми Тото и Диало Бакари се ракометарите кои што го одиграа последниот меч во „црвено-црниот“ дрес а пред почетокот на средбата им беа врачени нивните дресови во рамки.

За ракометарите и стручниот штаб на Вардар следуваат недели на одмор, а потоа ќе се склопува тимот за следната сезона, каде што покрај двојната круна во Македонија, целта е што подобар настап во Лигата на шампионите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести