20.8 C
Skopje
сабота, 26 јули 2025

Вардар е еден од најголемите победници, шансите да оди понатаму му пораснаа за 26 проценти

Победата на Вардар од 2-1 против Лозана спорт за 26 проценти ги зголеми шансите на македонскиот претставник да оди понатаму во квалификациите за Конференциската лига.

Сега суперкомпјутерот на платоформата за фудбалска статистика и симулации, ФМД, пресмета дека Лозана има 60, а Вардар 40 проценти шанси да одат во третото коло. Пред синоќешниот меч, на Швајцарците им се даваа огромни 86 отсто шанси да одат понатаму.

Инаку, синоќа загубија сите четири грузиски екипи, а победи единствената македонска, па сега Македонија изби пред Грузија на рангирањето на УЕФА според клупските коефициенти. Македонија за неколку дена напредуваше две места. По триумфот на Шкендија над ФЦСБ, го прескокнавме и Велс, па сега сме 51-ви во Европа од 55 земји.

- Оглас -

Најнови вести