Најтрофејниот македонски клуб Вардар по 18 години повторно е во финалето на Купот на Македонија откако мина неколку „сушни“ сезони во кои се измачуваше со беспарица. Но, оваа сезона вардарци се издигнаа, клубот ги врати старите долгови, а раководството доведе квалитетни играчи кои Гоце Седлоски ги склопи во победничка машинерија.
Вардар атакува на победа во финалето на Купот, а тоа би му донело и излез во Европа, пласман во квалификациите за Конференциската лига.
„Подготвени сме за предизвикот и верувам дека ќе успееме да славиме, доколку фудбалерите одиграат во ист стил како и изминатите неколку месеци, откако дојдов на кормилото“, изјави тренерот Гоце Седлоски.
Струга Трим Лум исто така е квалитетен тим, оваа сезона ја загуби шампионската круна од Шкендија, но тренерот Илчо Ѓорѓиоски на располагање има навистина одлични фудбалери.
„Веруваме во успех. Го респектираме Вардар, но и знаеме со каков потенцијал и квалитет располага нашиот тим. Нашата цел е трофејот“, порача Илчо Ѓорѓиоски.
Финалето на Купот на Македонија се игра вечерва од 20 часот, на Арената „Тодор Проески“ во Скопје. Според квотите, Вардар е умерен фаворит, најверојатно и затоа што сепак ќе игра на својот стадион и се очекува да има и поголема поддршка од трибините.
Еве ги и квотите во Sport Life за финалето на Купот на Македонија.
