Невообичаено, шесттото прволигашко коло се игра во сабота, наместо во недела. Сепак, сетоа тоа е поради репрезентативниот собир на сениорската и младата репрезентација во понедленик.
Денес со почеток во 16 часот ќе се одиграат пет натпревари, додека дуелот помеѓу Струга и Тиквеш на програмата е во понеделник поради европскиот настап на стружани.
Она што може да се забележи од квотите во Sport Life, е тоа што екипата на Вардар ја има фаворитската улога во дуелот против Македонија ЃП. Победата на најтрофејниот клуб кај нас носи квота од 2.30, додека победата за актуелниот освојувач на Купот на Македонија има квота од 2.80.
Дербито на колото се игра во Тетово, а се среќаваат Шкендија и Шкупи. Минатата сезона Шкупи двапати победи дома, додека во Тетово беше 0-0. Шкендија беше поуспешна во Купот на Македонија и го елиминира Шкупи, но со службен резултат после прекинот на “Чаир“. Шкупи нема победа во Тетово од 2016-тата година, кога на стартот од првенството со голот на Адем победи против Шкендија со 0-1.
Фудбалерите на Брера ќе имаат нов домашен предизвик, кој овојпат се вика Работнички. Минатото коло струмичани првпат сезонава беа поразени, од Брегалница со 1-0 во Штип, но останаа на делба на лидерската позиција со екипата на Шкендија со по 12 бода.