Најтрофејниот македонски клуб Вардар по подолг период се враќа на Националната арена „Тодор Проески“, а за прв ривал на најголемиот стадион ќе го има Пелистер во „вечното дерби“ на македонскиот фудбал. Мечот е закажан за 20 часот и се наоѓа во фокусот на вниманието на домашната спортска јавност, а според обложувалниците, вардарци се големи фаворити за триумф.
Квотата за победа на Вардар во Sport Life е 1.31, а за Пелистер да направи изненадување и да слави во Скопје се нуди коефициент, 7.75.
Останатите натпревари од второто коло во Првата фудбалска лига се играат од 17 часот. Шампионот Струга Трим Лум исто така е голем фаворит против новиот прволигаш Беса, а и Шкендија е многу поблиску (квота 1.33) до победа на дуелот со Работнички.
Гостивар во Штип ќе биде домаќин на Шкупи, а Силекс во Кратово ќе ја пречека Брера.
Во Кавадарци, Тиквеш ќе се сретне со Воска Спорт.