Вардар покажа дека има играчи кои се вистински шампиони на теренот, но и надвор од него. Доказ за тоа е и тоа што се случи по завршување на финалето во СЕХА-лигата, кога „црвено-црните“ по петти пат во клупската историја станаа прваци во ова регионално натпреварување.
Сите играчи на Вардар собрани во соблекувалната решија да му испратат порака за побрзо закрепнување на Кристијан Дисингер, кој заработи повреда по еден груб старт на ракометарите на Загреб. Првично се стравуваше дека може да се работи за скршеница на раката, но потоа беше констатирано дека вардарецот има само дислокација на левата рака.