39.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Вардар е најголем фаворит за победа од сите мечеви во Конференциската лига на УЕФА

Четирите македонски фудбалски преставници во европските купови ги прават последните подготовки пред европските настапи. Прв на сцена ќе излзе шампионот Шкендија.

Тетовскиот тим утре ќе гостува кај ТНС, а според квотите во Sport Life, македонскиот првак нема да биде фаворит за победа. Моментално за победа на Шкендија на ова гостување, квотата е 3.55, додека за победа на ТНС коефициентот е 2.05.

Дури три преставници Македонија има во Конференциската лига на УЕФА. Освојувачот на Купот, Вардар на свој терен ќе игра против Ла Фиорита од Сан Марино. Според квотите, Вардар е апсолутен фаворит за победа. За „кец“ на Црвено-црните, квотата е 1.17, што е најмала квота од сите мечеви во првото коло во квалификациите на Конференциската лига.

Работннички и Силекс ќе гостуваат во првите мечеви и нема да бидат фаворити. Белорускиот Торпедо Белаз на неутрален терен во Унгарија ќе го пречека Работнички, а за победа на македонскиот тим, коефициентот е 3.40.

Силекс в четврток ќе игра на гости кај Дечиќ и за победа на кратовци, квотата е 3.05, додека за црногорскиот тим коефициентот за триумф е 2.30.

- Оглас -

Најнови вести