Вардар е отпишан на гостувањето во Германија, но дали ќе загуби со повеќе од 8 гола разлика?

Вардар 1961 вечерва од 18.45 часот во Касел има тешко гостување кај Мелсунген кој во моментов е еден од подобрите германски ракометни тимови. Ова е дуел од второто коло во Европската лига, а во првото коло двата тима победија, Вардар дома против исландски Валур, додека Мелсунген славеше со 29-24 на гостувањето кај Порто.

Мелсунген е тим чиј тренер е Шпанецот Роберто Парондо, кој во Вардар ја почна тренерската кариера и ја освои титулата во Лигата на шампионите во 2019 година. Во играчкиот кадар на Мелсунген се поранешните вардарци Даинис Криштопанс и Рожерио Мораеш Фереира кои истотака беа дел од Вардар кога стана европски првак.

Затоа, германскиот тим е огромен фаворит за победа вечерва. Квотата во Sport Life за победа на домашните е многу мала, но затоа тука се околу 60 опции на кои може да се обложите.

Основната хендикеп граница е на 8.50 голови разлика, па може да се уплати и дека Вардар нема да загуби или ќе загуби со повеќе од осум гола разлика, а тука се и другите хендикеп варијанти, како и бројните игри во кои се вклучени голови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести