Вардар го декласира Шкупи и со игра и според шансите, а победи минимално со 1:0 со голот на Матеј Цветановски во 52. минута.
Претходно во дербито на петото коло „црвено-црните“ пропуштија неколку шанси, а најзрелата ја имаше Величковиќ, кој од два метри осамен ја погоди стативата.
И Шкупи имаше свои шанси во првото полувреме, но потоа чаирчани беа комплетно надиграни од домаќинот во старото и големо скопско дерби.
Дејан Блажевски имаше два зицери во финишот за уште поубедлива победа, една зрела шанса промаши и Мирчевски, но сепак Вардар го оставри најважното, ги освои бодовите
Идентична победа забележа и Работнички, против Ренова со 1:0 на гостувањето во Тетово. Борец продолжи со добрите игри во новата сезона во македонското првенство и ја победи Академија Пандев со 2:0, а без голови заврши мечот во Битола меѓу Пелистер и Македонија Ѓорче Петров.
Вчера Шкендија рутински ја совлада Беласица со 3:0, а Струга Трим лум го изненади фаворизираниот Силекс и славеше со 2:0.
Табела: Шкендија 11, Силекс и Шкупи по 10, Работнички и Борец по 8, Струга, Македонија Ѓ.П. и Вардар по 7, Пелистер 6, Ренова 5, Академија Пандев 3 и Беласица е без бодови.