Вардар е во криза, Веспрем пак се прошета во Скопје (Видео)

Двојниот европски првак Вардар е во криза и по поразот од Пелистер во вечното македонско дерби, вечерва претрпе катастрофа против Веспрем во првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампионите.

Унгарците дојдоа како фаворити во Скопје, со пет убедливи победи против Вардар во серија, а и вечерва и буквално се прошетаа низ главниот град на Македонија.

Славеа со 30:22 и реваншот на 6. април ќе биде само формалност според квалитетот и формата на двете екипи.

Вардар одигра катастрофален финиш на првото полувреме и цел второ полувреме, па поразот беше неминовен.

Двајцата голмани на Веспрем, Коралес, кој имаше 17 одбрани и Цупара беа несовладливи и фатија 20-на топки, а Вардар немаше решение во нападот.

Мартин Томовски беше светла точка во тимот на Вардар со 10 одбрани, но двојниот европски првак немаше доволно расположени ракометари за посериозен отпор.

Филип Талески постигна шест гола во првото полувреме и ниту еден во вториот дел. Дибиров даде 6 гола, но промашуваше пенали, а и сите останати ракометари на двојниот европски првак беа бледи.

https://twitter.com/ehfcl/status/1509593491717959682?s=20&t=MecFi0anuYIU65-bIpK1pw

Нилсон со 8 гола и Ненадиќ со шест беа креатори на успехот на Веспрем, екипа што е на прагот на четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Лани Веспрем во истата фаза, во осминафиналето во ЛШ го декласира Вардар со 41:27 во Скопје, а потоа славеше со 39:30 и во реваншот.

Победникот од ова осминафинале ќе игра против Алборг.

 

- Оглас -

Најнови вести