Вардар е жив, историска победа на Црвено-црните во Струга

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб, Вардар, првпат во својата историја победи на гости против Струга Трим Лум, скопските Црвено-црни попладнево славеа со 2-0.

За Вардар ова е прва лигашка победа на гости уште од септември минатата година, и многу ќе им значи во битката за опстанок. Вардарци уште од ноември немаа дадено повеќе од еден гол на лигашки меч, а и тогаш кога дадоа, истотака победија.

Стружани се заковани на петто место, уште некое време ќе останат таму, не може да одат ни погоре ни подолу, а ова им е втор пораз по ред, откако претрпеа пораз и во првиот меч од пролетната полусезона.

На полувреме од трибините беа избркани Комитите кои го бодреа Вардар. Фановите во финишот на првиот дел имаа националистички скандирања по што беа приморани да си заминат.

- Оглас -

Најнови вести