Саботното фудбалско попладне во македонскиот фудбал го одбележаа неколку интересни дуели. Во Прва лига се одигра само еден меч во кој Шкупи на свој терен во Чаир го победи Работнички.
Отпорот на Романтичарите беше скршен во второто полувреме. Сандеј Адетунџи погоди за 1:0 во 51 минута, а победата на чаирчани ја потврди Марјан Радевски со гол во судиското надополнување за конечни 2:0.
За Шкупи ова е 17-та победа во 23 натпревар и сега има 55 бодови за убедливо прво место на табелата. Академија Пандев е на второто место со 42 бода, а струмичани утре играа против Струга.
Во втората лига Запад, најтрофејниот македонски клуб Вардар едвај победи против Охрид. На дуел одигран на арената „Тодор Проески“, Вардар со гол во 85 минута стигна до минимален триумф од 1:0.
Во останатите мечеви од западната конкуренција во Втора лига: Силекс – Беса 0:0, Воска Спорт – Кораби 2:0, Тетекс – Велешта 2:0, Гостивар – Кадино 6:1.
Табела: Силекс 47 бодови, Воска Спорт 42, Вардар 37, Тетекс 28, Гостивар 25, Беса 21, Кораби 20, Охрид 19, Велешта 17, Кадино 6.
Во Втора лига Исток: Слога Виница – Кит Го Пехчево 1:0, Победа – Кожуф 1:1, Беласица – Детонит Јуниор 2:0, Каменица Саса – Братство 1:0, Осогово – Тим Локомотива 6:0.
Табела: Слога Виница 42 бодови, Победа 38, Беласица 38, Каменица Саса 37, Осогово 26, Кит Го Пехчево 22, Кожуф 23, Детонит Јуниор 20, Братство 13, Тим Локомотива 6.