Познати се осумте екипи кои ќе ја продолжат борбата за трофејот од Купот на Македонија. Бранителот на трофејот, екипата на Македонија ЃП, минимално со 0-1 го совлада градскиот ривал Вардар со голот на младиот Алтин Алији во 63-тата минута.
Најмногу погодоци беа постигнати во Штип, каде што екипата на Брегалница немаше милост за третолигашот Јанг Тим од Струга и го победи со неверојатни 11-0. За истакнување е ефикасноста на младиот Иван Глигоров, кој постигна четири погодоци.
Еден од кандидатите за трофејот, тетовската Шкендија, својот настап во Купот на Македонија го заврши уште во раната фаза, откако денес загуби од Работнички со 3-2. Романтичарите први дојдоа до водство преку Стојановски, но до полувремето следуваше пресврт на Шкендија со головите на Цаке и Елези. Сепак, во второто полувреме Гандо и Мазари донесоа победа од 3-2 за Работнички.
Тиквеш, Шкупи и Силекс ги добија дуелите против второлигашите Пелистер, Охрид и Башкими, додека Брера и Воска пласманот помеѓу најдобрите осум екипи го обезбедија откако на пенали ги елиминираа Гостивар и Струга.
Резултати:
Брегалница – Јанг Тим 11-0
Брера – Гостивар 0-0; 5-4 пен.
Пелистер – Тиквеш 0-1
Работнички – Шкендија 3-2
Шкупи – Охрид 4-0
Силекс – Башкими 3-2
Вардар – Македонија ЃП 0-1
Воска – Струга 0-0; 4-1 пен.