3.8 C
Skopje
недела, 25 јануари 2026

Вардар гази, само еден тим во Европа има повеќе лигашки мечеви без пораз сезонава

Лидерот во Првата македонска фудбалска лига, скопски Вардар, со билансот од 12 победи и три ремија во 15 кола е еден само од десетте тима во Европа кои сезонава немаат пораз во домашните првенства.

А, подолга серија во цела Европа има само Славија Прага од Чешка, која одигра 17 меча и уште нема пораз. Вардарци задутре гостуваат кај Македонија Ѓорче Петров во последното есенско коло и крај на настапите во оваа календарска 2025 година и може да дојдат до бројка од 16 првенствени средби без пораз.

Инаку освен Спарта и Вардар, за пораз не знаат ни турскиот Фенербахче, Диферданж од Луксембург, германскиот Баерн Минхен, португалските Порто и Бенфика, екипите на Тре Фиори и Ла Фјорита од Сан Марино, како и Линколн Ред Импс од Гибралтар.

- Оглас -

Најнови вести