Вардар ги налути, па стигнаа до шведски рекорд

Екипата што Вардар успеа да ја елиминира во историскиот циклус во еврокуповите за македонска екипа, Малме, денеска запиша двоен рекорд во Шведска.

Малме е првиот тим од Шведска што успеал да биде првопласиран во фаза по групи во еврокуповите откако денеска со победа против Копенхаген со 1:0 ја освои групата Б во Лигата на Европа.

Повеќекратниот шведски првак е и првата екипа од оваа земја што успеала двапати да мине фаза по групи. Интересно е што Малме му остана на Вардар во супер сеќавање во историскиот поход на нашата најтрофејна екипа во Европа во сезоната 2017/18.

Вардар во втората квалификациска рунда за пласман во Лигата на шампионите тогаш го елиминираше Малме со вкупен резултат од 4:2, а походот на скопјани до фазата по групи во ЛШ го спречи токму денешниот ривал на Малме, ФК Копенхаген. Сепак, Вардар потоа успеа да се пласира во фаза по групи во Лигата на Европа, што е прв таков успех на македонска екипа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести