Актуелниот освојувач на Купот на Македонија, Вардар, беше елиминиран во второто коло од квалификациите за Конференциската лига од швајцарска Лозана, но „црвено-црните“ победија во Скопје со 2-1.
Каков противник победија „вардарци“ и од кого беа елиминирани со убедливиот пораз на гости говори и фактот дека Лозана со гостинска победа успеа да го елиминира турскиот гигант Бешикташ и да обезбеди пласман во лигашкиот дел од Конференциската лига.
Бешикташ беше голем фаворит во овој двомеч и одигра 1-1 на гостувањето во Швајцарија, но Лозана со минимални 0-1 го доби реваншот во Истанбул и така обезбеди место помеѓу 36-те екипи кои ќе играат во третото по ранг европско клупско натпреварување.