Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар успеа да ја комплетира регистрацијата на странските засилувања и тие ќе бидат на располагање за дуелот против Шкупи.
Бразилците Лемос и Педрињо и репрезентативецот на Андора, Алберт Алаверда имаат право на настап, што значи дека Црвено-црните ќе бидат многу посилни од составот што го имаа во првото коло, кога загубија на гости кај Брера со 1:0.
По две години поминати во Втора лига, Вардар сега повторно е дел од елитното натпреварување, а првиот меч на домашен терен ќе го игра на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари. Дуелот е закажан за в недела од 17 часот.