12.8 C
Skopje
среда, 1 октомври 2025

Вардар го доби дербито со Еурофарм Пелистер, печат на победата стави Талевски

Вардар ја прекина серијата порази од Еурофарм Пелистер, и со победата од 31-28 се одвои на врвот на суперлигашката табела пред најголемиот ривал и прв фаворит за титулата.

Битолчани беа во негатива речиси цело време, се обидуваа да избегнат пораз, но во финишот два клучни гола за Вардар даде Филип Талески и беа решени сите дилеми околу победникот.

Валах имаше 9 одбрани, Малус, Боно и Тузолана постигнаа по 6 гола кај Вардар, а Манасков со 10 гола и Митревски со 8 одбрани (сите во вториот дел), беа најзабележителни во поразениот тим.

Дербито беше тензично, имаше црвен картон за Борозан, а Чкембарите кратко беа во сала, бидејќи откако влегоа, палеа факли и ги фрлаа, па полицијата реши дека треба да си заминат.

- Оглас -

Најнови вести