Вардар го доби дербито со Работнички, Црвено-црните остануваат лидери

Вардар со 2:0 го доби градското дерби против Работнички на арената „Тодор Проески“, во 12 коло од Прва лига. Црвено-црните беа големи фаворити пред дуелот, бидејќи Работнички сезонава игра слабо и е на дното на табелата.

Сепак кога се работи за градско дерби секогаш постои неизвесност, па така беше и овојпат. Работнички одлично парирашеи и успеваше да биде рамноправен ривал, но тоа беше до десетина минути пред крајот. Беше досуден слободен удар за Вардар, а Даниел Аврамовски успеа да ја затресе мрежата на домаќините.

Работнички тргна со сите сили да израмни, но тоа отвори простор за контра напад на Вардар. Во последните секунди од средбата, Аврамовски прифати една топка во својата половина, успеа да истрча во контра напад и да погоди за 2:0, непосредно пред последниот судиски свиреж.

Останатите мечеви од ова коло во Прва лига се играат утре, а се среќаваат: Борец – Академија Пандев, Македонија ЃП – Шкендија, Ренова – Шкупи, Силекс – Струга Трим Лум.

 

- Оглас -

Најнови вести