Вардар го доби дербито, Воска победи со гол во 95 минута, а вистинското лудило е на Истокот

Вардар го победи Тетекс со 2-0, со голови на Блажевски од пенал во финишот на првото полувреме и на Глишиќ во судиското продолжение. Вардарци останаа пет бода зад второпласираниот Воска спорт кој во драматичен меч со гол во 95 минута стигна до победа против локалниот ривал Охрид Лихнидос.

Според официјалниот сајт на ФФМ, средбата во Охрид завршила без голови.

Исклучително интересна е битката за првите две места во Втората лига Исток. После денешните мечеви, Победа и Слога Виница имаат по 36 бода, а зад нив се Каменица Саса и Беласица со по 34. Од овие четири тима, денеска победија само струмичани, најголем кикс направија Рударите кои загубија дома од Братство, а ако победеа, ќе го преземеа врвот.

ВТОРА ЛИГА ЗАПАД, РЕЗУЛТАТИ 17.КОЛО 

БЕСА – СИЛЕКС 0:0

ВЕЛЕШТА – КАДИНО 2:0

ВОСКА СПОРТ – ОХРИД 1:0

ВАРДАР – ТЕТЕКС 2:0

КОРАБИ – ГОСТИВАР 1:3

ТАБЕЛА: Силекс 43 бодови, Воска 38, Вардар 33, Тетекс 24, Гостивар 21, Кораби 20, Беса 17, Велешта 17, Охрид 16, Кадино 6.

ВТОРА ЛИГА ИСТОК, РЕЗУЛТАТИ 17.КОЛО

САСА – БРАТСТВО 0:1

КОЖУФ – СЛОГА (В) 1:1

ПЕХЧЕВО – ОСОГОВО 0:1

БЕЛАСИЦА – ТИМ ЛОКОМОТИВА 6:0

ДЕТОНИТ – ПОБЕДА 0:0

ТАБЕЛА: Победа 36 бодови, Слога (В) 36, Беласица 34, Саса 34, Осогово 22, Кожуф 21, Детонит 20, Пехчево 19, Братство 10, ТИМ Локомотива 6.

- Оглас -

Најнови вести