23.8 C
Skopje
сабота, 26 јули 2025

Вардар го доби тоа што го посакуваше, важна победа над фаворизираните гости од Швајцарија

Вардар извојува минимална, но многу значајна победа од 2-1 над Лозана во првиот меч од второто квалификациско коло во Конференциската лига. Вардар ги израдува своите верни фанови на стадионот и покажа дека воопшто не е инфериорен против фаворизираниот и противник со дмногу поскап состав.

Откако Вардар на пауза замина со предност од 1-0 со гол на Роџерс Мато, Лозана израмни во 58-мата минута со убав гол на Дијаките, со кој гостите ја крунисаа теренската иницијатива на стартот на вторииот дел. Гостите делуваа задоволни со резултатот и контролата, но беа шокирани кога Азер Омерагиќ убаво се снајде и даде гол за предност на Вардар од 2-1 во 78-мата минута.

Ова е резултат кој му дава целосно право на Вардар да се надева дека може да оди понатаму, но претстојат уште 90, можеби и 120 минути игра во Швајцарија за една недела.

Ако ја мине Лозана, Вардар во третото квалификациско коло би играл со Астана или Зимбру. Денеска на првиот меч во Казахстан резултатот беше 1-1, па патникот во третата рунда ќе се одлучува во Молдавија.

- Оглас -

Најнови вести