Вардар го дозна терминот за реванш-дуелот против Нексе во СЕХА-лигата

Актуелниот шампион и најтрофеен клуб во меѓународното натпреварување Вардар на 29 август ќе го одигра реванш-дуелот против Нексе во четвртфиналето од СЕХА-лигата.

Црвено-црните имаат предност од еден гол при победата од 31-30 во првиот меч, додека реваншот кој ќе се игра во Скопје е закажан за 20:15 часот на 29 август и според протоколот, ќе биде забрането присуство на навивачи. Тимот предводен од Алушовски е блиску до пласман на нов Ф4 турнир и 10-ти настап по ред.

Досега пласман на Ф4 обезбедија ППД Загреб и Мешков Брест, додека на 25 август ќе се одигра реваншот Веспрем – Војводина за да се одреди третиот патник.

 

- Оглас -

Најнови вести