Најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија, Вардар, по подолго време ќе игра во полуфиналето на Купот на Македонија. На арената „Тодор Проески” Вардар го победи Силекс со 1:0.
Данил Донгмо во 68-мата минута беше стрелец на голот кој донесе голема радост за вардаровите навивачи. Тоа беше долга акција, гостите неколку пати ја вадеа топката од самата гол-линија, а на крајот Донгмо со шут од 15 метри ја затресе мрежата ма Силекс.
Вардар последен пат го освоил пехарот во Купот во 2007 година.
Во полуфиналето место обезбедија и екипите на Шкендија и Струга. Тетовци со голот на Шаља во 23-тата минута стигнаа до триумф на гостувањето кај второлигашот Детонит Плачковица.
Неизвесно беше и на дуелот Струга – Гостивар, а на крајот се радуваа домаќините. Кехинде со погодокот на почетокот на второто полувреме им донесе пласман на стружани во полуфиналето.
Дополнителна драма ќе има на Брера – Арсеми, каде што беше 1:1 по 90 минути игра. Брера поведе со голот на Ндзенге во 16-тата минута, а Арсеми израмни во 78-мата минута, па победникот ќе се решава по подобро изведување на пенали.
Додадено: Брера е последниот полуфиналист откако на пенали со 4:3 го победи второлигашот Арсеми.