16.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Вардар го купи Димитар Данев од Работнички

Најтрофејниот македонски клуб Вардар го заокружи трансферниот период што се однесува до ангажман на странски фудбалери, но продолжува да се засилува и со дел од најталентираните фудбалери од домашното првенство. Од денеска нов фудбалер на Вардар е младинскиот репрезентативец Димитар Данев, досегашен член на Работнички.

Димитар Данев потпиша четиригодишен договор со Вардар, а Работнички сигурно ќе добие солидна сума за продажбата на еден од најголемите таленти во македонскиот фудбал.

Данев минатата сезона блесна во дресот на Работнички и беше стандарден првотимец, а иако 19-годишен веќе е член на фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година.

- Оглас -

Најнови вести