Димитар Тодоровски останува во Вардар барем до крајот на сезоната 2027/2028, откако денеска го продолжи договорот со лидерот во фудбалското првенство и најтрофеен клуб во Македонија.
„Задоволни од прикажаното во досегашните настапи, начинот на работа, дисциплината, упорноста, желбата за успех на овој млад играч, ФК Вардар АД гледа блескава иднина на Димитар Тодоровски во црвено-црното семејство. На заедничко задоволство, извршниот директор на ФК Вардар АД, Миленко Неделковски, и играчот за врска Димитар Тодоровски, потпишаа договор до јуни 2028 година“, информираа од Вардар.

