Вардар го освои и Чаир, не знае за пораз веќе 14 натпревари! (Видео)

Вардар игра во шампионски стил во пролетниот дел од сезоната, урива рекорди и 14 натпревари не знае за пораз. Серијата продолжи и денеска на Чаир, каде „црвено-црните“ славеа со 0-2.


Роџерс Мато во 45-тата минута и Мислав Матиќ во 70-тата минута беа стрелци за Вардар на дербито.


Пред околу 3.000 гледачи на Чаир, Вардар не потклекна и одигра одличен натпревар. Успеа да стигне до пораз и без шефот на стручниот штаб Гоце Седлоски кој беше исклучен во првото полувреме.


Непосредно по неговото заминување, Роџерс Мато погоди за 0-1 во 45-тата минута, откако шутираше прецизно откосо од десната страна и ја испрати топката во спротивниот долен агол.


Во вториот дел, Вардар постигна и втор погодок, а стрелец беше дефанзивецот Мислав Матиќ. Закариќ нафрли од слободен удар, а Матиќ со удар со глава го матираше Денковски од петерецот.


Со овој триумф Вардар има 38 бода и се наоѓа на шестата позиција, а веројатно ќе го мине и Гостивар, доколку овој тим не продолжи да се натпреварува до крајот на шампионатот.

- Оглас -

Најнови вести