Најтрофејниот македонски клуб Вардар ја задржа лидерската позиција на табелата по 22-то коло откако го совлада Силекс со 0-1 на дуелот во Кратово. Покрај тоа, ја зголеми и бодовната предност пред Шкендија на три бода, откако тетовци во 95-тата минута беа шокирани од Брера и одиграа само 1-1.
Силекс уште во 26-тата минута остана со фудбалер помалку со оглед дека исклучен беше Дарко Додев, поради два жолти картони, од кои вториот поради приговор кон судијата.
Вардарци дојдоа до предност во 43-тата минута, кога се најде на вистинското место по одбиената топка од Шуберт и успеа да ја погоди мрежата на Љупче Џеков.
Шкендија, која поголем тек од натпреварот играше со фудбалер помалку поради исклучувањето на Фетаи, одигра само 1-1 против Брера на домашен терен. Ендрит Красниќи во 33-та минута донесе водство за Шкендија, но Брера израмни во 95-тата минута, со голот на Виктор Велкоски.

