Еурофарм Пелистер го декласира Куманово со 46-26 и тргна во одбрана на шампионскиот трофеј, отворајќи го вториот дел од сезоната во машката ракометна Суперлига. На полувремето Пелистер веќе имаше двоцифрена предност (25-12).
Најдобар стрелец кај пелистерци беше Богдан Радивојевиќ со 11 гола, пред Ненад Костески со осум гола, додека Филип Кузмановски запиша шест гола.
Алкалоид убедливо славеше против Струга (14-38) на гости во 17-то коло од машката ракометна Суперлига.
Вардар 1961 исто така оствари триумф (29-35) на гости против Тинекс Пролет. Мечот почна со минута молчење, во знак на оддавање почит на починатиот Јовиќ.
Најрасположен кај вардарци беше Милан Лазаревски со седум гола, шест имаше Петриќ, а Родригез заврши со четири постигнати гола.
ГРК Охрид беше поуспешен од Борец и победи на гости со 29-35.