Вардар го победи Загреб, со четири гола предност ќе патува на реваншот

Вардар го победи Загреб со 24:20 во првиот дуел од четвртфиналето во СЕХА-лигата. Црвено-црните заслужено победија, а одлуката за тоа која од овие две екипи ќе игра на фајналфор турнирот во Задар ќе падне во реваншот во главниот град на Хрватска на 31 август.

Домаќините постојано имаа предност, најголема од три разлика, а на пауза за полувремето Вардар имаше позитива од два гола, 14:12.

И во вториот дел беше неизвесно, Вардар повторно неколкупати имаше позитива од 3 гола, а на крајот победата е со четири гола предност.

Тимур Дибиров повторно блескаше и со 7 гола беше најефикасен кај Вардар. Кудуз постигна еднаков број погодоци, беше и стрелец на последниот гол на мечот во последната секунда за убава позитива. Гоце Георгиевски постигна 3 гола. Одлично бранеше Мартин Томовски и Вардар ќе патува за Загреб со предност од 3 погодоци.

Иван Чупиќ доби овации при претставувањето на ракометарите во „Јане Сандански“, откако мина долг период во Вардар и освои две шампионски круни во Лигата на шампионите. И вечерва во дресот на Загреб популарниот Чупко потврди дека е ракометен велемајстор со 8 гола во мрежата на својот поранешен клуб, како најефикасен играч на мечот.

- Оглас -

Најнови вести