30.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Вардар го почести Кожуф со две парчиња во мрежата и се врати на лидерската позиција на табелата

Фудбалерите на Вардар славеа со 2:0 над Кожуф во првиот натпревар од 15-то коло во Втората Македонска фудбалска лига.

Иако средбата беше предвидено да се игра утре, беше презакажана за денеска и новиот термин не им пречеше на „црвено-црните“ да дојдат до триумф. Головите вредни три бода ги постигнаа Мицевски и Марковски.

Ова воедно беше шеста победа за вардарци во седмиот натпревар на домашен терен, и имаат и едно реми против Беласица.

Со новата победа, Вардар се искачи на лидерската позиција на табелата со 36 бода, два повеќе од Гостивар, кој својот натпревар против Караорман ќе го игра утре.

- Оглас -

Најнови вести