9.8 C
Skopje
вторник, 25 ноември 2025

Вардар го прегази Сесвете и се чекираше во осминафиналето од Лигата на Европа

Ракометарите на Вардар продолжија со одличните игри во Лигата на Европа и забележаа и повеќе од убедлива победа од 24-38 на гостувањето кај Сесвете во Загреб.

„Црвено-црните“ уште на стартот од мечот покажаа дека допатуваа во Хрватска по бодовите, па уште на стартот дојдоа до водство од 1-4 и 3-7, а оваа предност набрзо се искачи и на 4-11. Вардар на полувремето ги имаше највисоките +11, односно 12-23.

Слично течеше и вториот дел. Предноста на Вардар постојано се зголемуваше, а во 50-тата минута нашиот претставник имаше и максимални +17. На крајот и повеќе од заслужена победа на „црвено-црните“ од 24-38.

Оваа победа значи дека Вардар и официјално обезбеди пласман во осминафиналето од Лигата на Европа, а за задржување на првата позиција ќе му биде потребна победа на гостувањето кај Тулуз.

- Оглас -

Најнови вести