Напаѓачот Едиз Спахиу е нов играч на Вардар. Фудбалерот кој досега настапуваше во тимот на Тиквеш во првиот дел од сезоната постигна четири гола во 18 меча. Спахиу во минатата сезона беше еден од лидерите на Тиквеш, тим кој го освои Купот на Македонија.
Спахиу во Првата лига има одиграно вкупно 106 натпреаври, на коишто има постиганто 23 гола. Освен во Тиквеш, 23-годишниот фудбалер има настапувано и за екипата на Гостивар, како и за младиот тим на Шкеднија.
Спахиу има настапувано за селекциите под 19 и 21 година на репрезентацјата на Македонија. Тој е шестото зимско засилување за Вардар откако претходно Црвено-црниот дрес го облекоа и Димитар Тодоровски, Мите Цикарски, Михаил Маневски, Георгије Јанкулов, Михаил Пинтар.
Црвено-црните освоија само 13 бода во првите 18 кола и се во зоната за испаѓање во Првата лига.