Вардар го растури и Сегед и атмосферата кај унгарскиот првак

Унгарците се разочарани, Вардар ги растури во Скопје со 31:23, а признаваат и дека атмосферата е на пониско ниво по високиот пораз од македонскиот првак.

„Лошо е, но мораме да играме и натпревари во унгарското првенство. Ќе играме со Векчеш, но мислиме на реваншот против Вардар“, е најавата на официјалната интернет страница на ПИК Сегед.

Унгарците беа декласирани со 8 голови разлика во Скопје, не очекуваа таков висок пораз, а фуриозната серија на Вардар во финишот кога од два позитива скопјани стасаа до 8 плус ги дотолчи фаворизираните гости од Унгарија.

„Не очекувавме вака висок пораз. Не знам што се случи во финишот. Не снема од теренот. Сега мислиме на дуелот со Векчеш, па потоа ќе се насочиме кон реваншот. разликата од 8 голови е висока, но нема да се предадеме. Се надеваме на подвиг во реваншот, со поддршка на нашата публика“, вели Дејан Бомбач.

Реваншот во Унгарија ќе се игра на петти мај од 19 часот.

- Оглас -

Најнови вести