12.8 C
Skopje
недела, 9 ноември 2025

Вардар го скрши отпорот на Алкалоид и остана единствен непоразен тим во Супер лигата

Вардар 1961 останува единствениот непоразен тим во ракометната Супер лига, откако вечерва на домашен терен го победи Алкалоид со 34-28 во скопското дерби и го зачува совршениот ефект, единаесет победи на исто толку натпревари. Тимот на Кире Лазаров го претрпе првиот пораз во сезоната.

Натпреварот беше тесен во поголемиот дел, но Вардар се одвои во второто полувреме, благодарение на одличните голмански реакции. Во првите 30 минути, Алкалоид беше во игра поради Мартин Серафимов, кој создаваше сериозни проблеми за одбраната на домаќините. Голманите Галевски и Кизиќ од едната страна и Валах и Гогов од другата не бележеа многу одбрани, па на полувремето резултатот беше израмнет, 17-17.

Во продолжението, Вардар и Алкалоид останаа рамноправни сè до 22-21, кога Гогов спречи сигурен гол на Стојковиќ, а Костески погоди статива. На спротивната страна, Хориха донесе два гола предност за домаќините (23-21). Следуваа 24-22, а потоа по грешка на Алкалоид, Вардар реализираше два брзи гола преку Јанковски за 27-24 во 45-тата минута.

Во завршницата Вардар ја зголеми предноста на пет гола, со голем придонес од Валах и Хориха, а десет минути пред крајот водството се искачи на плус седум, што практично го реши исходот на мечот во СЦ „Јане Сандански“.

- Оглас -

Најнови вести