Брера Струмица – Вардар е единствениот денешен натпревар во Првата македонска фудбалска лига, а на дуелот во Струмица, гостите важат за големи фаворити.
Вардар е лидер на табелата, нема пораз, а и според квотите во Sport Life, делува како чиста „двојка“. Сепак тимот на тренерот Гоце Седлоски ќе треба на терен да покаже дека е подобар од струмичани и сигурно нема да им биде лесно.
Брера во август во Скопје го намачи Вардар, средбата заврши 2-2 и тоа Роџерс Мато кој е поранешен играч на Брера, даде гол за израмнување во 88-ма минута и го спаси Вардар од уште поголем кикс.
Вардар има четири победи по ред, ја брка петтата во низа, додека Брера во претходните три кола немаше победа, па и ова го прави Вардар фаворит.


