31.8 C
Skopje
петок, 1 август 2025

Вардар губи со 3:0 и мора да направи чудо во вториот дел ако сака да ја елиминира Лозана

Спортманија во Лозана,

Вардар губи со 3:0 по првото полувреме на гости кај Лозана во реванш-мечот од второто квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА. Овој резултат не му одговара на Вардар затоа што Црвено-црните сега се во негатива од два гола во вкупниот збир на погодоци. Македонскиот тим со 2:1 победи на првата средба во Скопје, што значи дека сега Лозана има вкупни 4:2.

Тоа значи дека Вардар нема друга опција освен да нападне и да постигне гол во второто полувреме ако сака да ги задржи шансите за прогрес во следната фаза, каде што ривал ќе му биде Астана од Казахстан.

Добро почна Вардар на гости кај Лозана, но откако избраниците на тренерот Гоце Седлоски не искористија неколку добри шанси, следуваше казна.

Од прекин, односно по првиот изведен корнер, Лозана постигна гол. Највисок во скокот беше дефанзивецот на домаќините Ноа Дусен, кој погоди со глава за 1:0.

Вардар можеше да израмни во следниот напад, но Азер Омерагиќ не реализира од близина.

Потоа следуваше доминација на Лозана. Домаќините лесно ја надмудруваа одбраната на Вардар, а тоа двапати го казни Сане. Најпрво во 33-тата минута погоди за 2:0, а во последните моменти од првиот дел истиот играч погоди и за 3:0.

Ако сака Вардар да оди понатаму во европскиот куп, во второто полувреме ќе мора да постигне најмалку два гола, а да не прими ниту еден за да се избори за продолженија.

- Оглас -

Најнови вести